Србија немаше сила за сензација и против Унгарија

По вчерашната сензационална победа над светскиот шампион Холандија, Србинките немаа сила денеска да ја изненадат и Унгарија и претрпеа пораз од 26-38. Без најдобрата ракомтерка, Андреа Лекиќ која вчера заработи тешка повреда поради која можеби ќе ја заврши и кариерата, Србинките немаа сила за пресврт како против светскиот шампион Холандија.

Унгарките уште во првото полувреме направија недостижна предност (11-20) и не дозволија како Холанѓанките вчера да дојде до голем пад кој што ќе го искористат Србинките.

Сандра Шолоси Зачик со 10 гола беше најдобра во таборот на Унгарките, додека кај Србинките Сања Радосављевиќ заврши со пет гола. Во вториот меч од оваа група од 18:15 часот се среќаваат Холандија и Хрватска.

Се вчитува...