Србија остана јуниорски првак на Европа во кошарка

Србија уште еднаш докажа дека е најдобар расадник на кошаркарски таленти откако нашиот северен сосед вечерва ја одбрани круната на европскиот шампионат за јуниори што се одржуваше во Летонија.

Откако во полуфиналето ја совладаа Франција, српските кошаркари до 18 години денеска во мечот за трофејот славеа над домаќинот Летонија. Конечниот резултат гласеше 99-90, а мора да се истакне дека Србите доминираа цел натпревар, уште во првата четвртина стигнаа до двoцифрена предност по што го контолираа резултатот до самиот крај од финалето.

Во главна улога беше Марко Пецарски, кој во битката за трофејот реализираше 34 поени и 13 скокови.

Во меѓувреме, на Б шампионатот што се одржуваше во Скопје селекцијата на Македонија го освои 18. место. Во финалето вечерва се среќаваат Холандија и Словенија, две репрезентации кои обезбедија учество во елитното друштво од наредната година.

Се вчитува...