Србија поразена од Австрија, за „коцкестите“ виси настапот на Мундијалот… (видео)

Репрезентацијата на Србија ќе мора да бара шанса за пласман на СП 2018 во Русија во последното коло од Групата Д, откако загуби во еден од најважните свои дуели на гостувањето против Австрија со 3-2.

Србите имаа и предност од 0-1 на почетокот со голот на Миливојевиќ, но дозволија потоа домашните со пресврт во два наврати да водат, на крајот и за конечна победа од 3-2.

Во Групата И, пак, Хрватска киксираше против Финска во Ријека играјќи само 1-1. За „коцкестите“ сега виси настапот на Мундијалот во Русија, со оглед на тоа што во последното коло гостуваат против Украина која сега бодовно се израмни со нив откако славеше со 0-2 на гостувањето против Косово.

Хрватска поведе против Финска со голот на Манџукиќ во 57. минута, но Финците ги шокираа со гол во 90. минута на Соири.

ГРУПА Д – 9. КОЛО

Грузија – Велс 0-1

Австрија – Србија 3-2

Ирска – Молдавија 2-0

ТАБЕЛА: Србија 18 бода, Велс 17, Ирска 16, Австрија 12, Грузија 5, Молдавија 2 бода.

ГРУПА И – 9. КОЛО

Турција – Исланд 0-3

Хрватска – Финска 1-1

Косово – Украина 0-2

ТАБЕЛА: Исланд 19 бода, Хрватска 17, Украина 17, Турција 14, Финска 8, Косово 1 бод.

 

Се вчитува...