Србија со победа на отварањето на ЛОИ (ВИДЕО)

Кошаркарките на Србија со победа над Канада од 72-68 ги започна Олимписките игри. Србинките беа подобриот противник во поголемиот дел од натпреварот, успеаја да го консолидираат падот во играта во третата четвртина и сосема заслужено стингаа до два бода.

Србинките подобро го започнаа натпреварот и по 10. минути игра водеа со 16-13, а веќе до полувремето стигнаа до +8 (36-28). Канада одговори одлично во третата четвртина во која го сведе европскиот шампион на само 9 постигнати поени, а реализираше 17 со што пред одлучувачката четвртина резултатот беше изедначен (45-45), а Србија ја потврди победата со подобра игра во самата завршница.

Соња Васиќ беше прво име кај Србија со 16 поени, 3 скока и 3 асистенции, додека неа ја следеше Андерсон со 12 поени и 5 скока. Филдс ја предводеше Канада со 19 поени и 4 скока, додека 16 поени и 6 скока додаде Нурс.

Се вчитува...