Србија со сите сили ќе ги нападнe Олимписките Игри

Селекторот на српската кошаркарска репрезентација, Игор Кокошков денеска го објави широкиот список на потенцијални репрезентативци за квалификацискиот турнир за престојните Олимписки Игри.

Во списокот се најдоа и кошаркарите кои настапуваат во НБА лигата, па јасно е дека овој состав е претендент за квалификација, а потоа и медал на игрите во Токио.

Плејмејкери: Милош Теодосиќ, Стефан Јовиќ, Василије Мициќ

Бекови: Богдан Богдановиќ, Данило Анџушиќ, Огњен Јарамаз, Бранко Лазиќ, Огњен Добриќ, Драган Милосављевиќ, Вања Маринковиќ, Алекса Аврамовиќ, Немања Недовиќ, Марко Гудуриќ

Крила и крилни центри: Никола Калиниќ, Владимир Лучиќ, Немања Бјелица, Дејан Давидовац, Алексеј Покушевски, Ален Смаилагиќ

Центри: Филип Петрушев, Далибор Илиќ, Никола Милутинов, Бобан Марјановиќ, Мирослав Радуљица, Никола Јокиќ

Србија е организатор на квалификацискиот турнир кој ќе се одржи од 29. јуни до 4. јули во Белград. Во групата А, „Орлите“ силите ќе си ги одмерат со Доминиканската Република и Филипини, а доколку ја поминат првата фаза и со подобрите од дуелите во групата Б каде се Италија, Порторико и Сенегал.

Се вчитува...