Србинка постави младински светски рекорд во фрлање копје

Младата српска атлетичарка Адријана Вилагош постави младински светски рекорд во фрлање копје, откако успеа копјето тешко 500 грама да го фрли 70.10 метри.

Ова е најдобро достигнување во историјата во оваа возраст, а за одличниот резултат кажува и тоа што второпласираната натпреварувачка на балканскиот шампионат во Кралјево имаше дури 20 метри послабо најдобро фрлање.

Македонија имаше два претставника на ова натпреварување. Сара Османовска во скок во далечина заврши како 15. со 4.64 метри, додека Ана Божиновска на 400 метри беше десетта со време од 1:01.55 минута.

 

Се вчитува...