Србија триумфално го стартуваше квалификацискиот турнир во Белград за пласман на ОИ, откако нашиот северен сосед ја совлада селекцијата на Доминиканска Република со резултат 94-76. Гостите изненадија со одлична игра со која три четвртини целосно му парираа на големиот фаворит. На почетокот од последната четвртина резултатот беше израмнет, но Србија со серија од 9-0 успеа да се одлепи и да си го трасира патот до очекуваната победа, на крајот изразена со убедливи „плус осумнаесет“. Српските центри беа во главна улога, Марјановиќ реализираше 18, а Петрушев 17 поени.
Германија многу потешко од очекувањата славеше над Мексико со 82-76, меч што го реши последната четвртина што Германците ја добија со 20-9 и направија целосен пресврт на патот до победата. Круз постигна 30 поени за Мексико, центарот Ајон имаше дабл-дабл од 18 поени и 15 скокови, додека кај Германците најефикасни беа Саибу со 17 и Бонга со 13 поени.
Литванија рутински го отвори квалификацискиот турнир во својата земја, триумфирајќи над Венецуела со 76-65. Центарот Валанчиунас беше во главна улога со 20 поени и 11 скокови, а по 12 поени за Литванците постигнаа Сабонис и Калниетис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА