Србите Црниќ и Лакиќ засилувања за Куманово за вториот дел од сезоната

Пред продолжението од сезоната во Првата македонска кошаркарска лига, КК Куманово се засили со двајца српски интернационалци, Јован Црниќ и Никола Лакиќ.

26-годишниот Црниќ, висок 201 сантиметар, игра на плејмеркерската позиција, а доаѓа од францускиот Бутеон, кој е негов последен клуб. Претходно има настапи и за КК Слобода од Ужице.

24-годишниот Лакиќ, пак, кој игра на бековската позиција, доаѓа од српскиот Беовук. Претходно има настапувано и во шампионатите на БиХ и Италија.

Црниќ и Лакиќ дебито во кумановскиот дрес ќе го имаат вечерва од 18 часот во прволигашката пресметка против Работнички која се игра во спортската сала на СОУ „Перо Наков“ во Куманово.

Се вчитува...