Србите во неверица по убиството на Бутулија: „Мафијашка престрелка“ на високи спортски функционери!?

Српската спортска јавност се уште е во неверица по шокантната денешна вест за убиството на претседателот на РК Црвена Звезда, Мирко Бутулија.

Бутулија, кој беше и претседател на Автомото сојузот на Србија (АМСС), е убиен со неколку истрели од пиштол од страна на енералниот секретар на АМСС и негов близок соработник, Предраг Ѓурѓев кој потоа извршил самоубиство.

Веднаш по информациите од Министерството за внатрешни работи на Србија се огласија голем број спортски работници кои се уште се во шок од настанот во АМСС.

„Ова е за неверување. Како некоја мафијашка престрелка, а се работи всушност за високи спортски функционери и блиски соработници“ – велат поголемиот дел спортски работници од Србија.

Засега не се соопштуваат причините за ова убиство и самоубиство, иако постојат голем број шпекулации. Бутулија беше претседател на РК Црвена Звезда од 2014 година, а ја извршуваше и потпретседателската функција во Ракометниот сојуз на Србија.

Се вчитува...