Срдечна средба на поранешните репрезентативци – Мојсов со Тодоровски и Ѓуровски се потсетија на националниот тим (ФОТО)

Срдечна средба на Златибор меѓу поранешните македонски репрезентативци Даниел Мојсов и Александар Тодоровски кои долги години минаа во националниот тим.

Сега, едниот по цели 11 години повторно во македонскиот фудбал, во дресот на Брегалница, носејќи со себе огромна свежина за македонскиот шампионат во иднина, додека Тодоровски игра за Графичар во Првата лига на Србија.

Мојсов и Тодоровски заедно со поранешниот селектор Бошко Ѓуровски, кој е на клупата на Графичар, се потсетија на деновите во националниот тим кој токму оваа година конечно по 30 години независност се избори за настап на Европското првенство.

Се вчитува...