Средба на Зидан и Погба во Дубаи: Французинот конечно на пат кон Мадрид!?

Пол Погба веќе извесен период интензивно се поврзува со трансфер во Реал Мадрид. Но, и покрај најавите дека ќе биде во изминатиот летен преоден рок тоа не се случи. Сепак, шпанските и англиските медиуми сето тоа сега го најавуваат за зимскиот трансфер период.

Тренерот на Реал, Зинедин Зидан во моментов е на семинар во Дубаи а таму следеше и средба со Погба кој моментално се опоравува. „Дејли мирор“ објави и фотографија од нивната меѓусебна средба на која се разговарало и за преселбата на Погба во Мадрид.

„На фудбалерите како Погба секогаш им се отворени вратите во Реал. Тој е играч кој носи голема рамнотежа во тимот, има големо влијание во нападот и е во извонредна физичка форма. Секако дека ни е потребен“ – вели Серхио Рамос околу најавите за ангажман на Погба.

Францускиот репрезентативец има договор со Манчестер јунајтед до 2021 година, па Реал ќе треба да издвои добра сума ако го сака во своите редови.

Се вчитува...