Среќна победа на Јунајтед: Ван Бисака и Де Хеа спасуваа, па Гринвуд донесе три бода

Манчестер Јунајтед со многу среќа стигна до победа на гостувањето против Вулверхемптон (0-1), откако „црвените ѓаволи“ ги освоија трите бода по бројните промашени шанси на домашните фудбалери.

„Волците“ имаат за што да жалат бидејќи промашија два зицери во почетните десет минути, а особено убава беше шансата на Тринкао, кој го совлада Де Хеа, но десниот бек Ван Бисака пред самата гол-линија спречи топката да заврши во мрежата.

Вулверхемптон ја имаше и најубавата шанса во вториот дел, но Де Хеа со две извонредни интервенции во рок од три-четири секунди ја сочува мрежата незатресена.

Јунајтед стигна до победата благодарение на Мејсон Гринвуд, кој шутираше прецизно во 80. минута по една акција што предизвика бурни реакции на домаќините, бидејќи на голот претходеше прекршок од Погба што ниту главниот судија Дин ниту арбитрите во ВАР-собата не го санкционираа.

Се вчитува...