Среќно реми за Ливерпул во градското дерби

Ливерул ремизираше 0-0 на градското дерби против Евертон, во првиот натпревар што „црвените“ го одиграа по повеќемесечната пауза поради коронавирусот.

Титулата е речиси сигурна со оглед на предноста од 22 бода пред Манчестер Сити, но од „црвените“ во секој случај се очекуваше многу подобро издание од ова денешното, со кое можат да бидат и среќни од освоениот бод ако се знае дека Евертон ја имаше најубавата шанса, кога Дејвис од пет метри шутираше само во дирекот од голот на Алисон Бекер.

Проблем за Клоп претставуваа повредите на Салах и Робертсон, кои воопшто не настапија на „Гудисон Парк“, згора на тоа за време на мечот се повредија и Матип и Милнер. Сепак, очигледно беше дека долгата пауза има оставено трага врз актуелниот европски првак, кој беше далеку од нивото со кое доминираше на терените ширум Англија во досегашниот дел од сезоната.

Се вчитува...