Српска брука во Сплит – селекторот во вербален дуел, Ненадиќ се повлекува

По двата порази по ред на ЕП во Хрватска, во репрезентацијата на Србија ескалираат и многу посериозни проблеми. Во српскста репрезентација која прелиминарната фаза на ЕП ја игра во групата А во Сплит избил сериозен конфликт кој малку фалело да прерасне и во физичка пресметка. А, инволвирани се ни помалку, ни повеќе српскиот селектор Јовица Цветковиќ и потпретседталот на Ракометниот сојуз на Србија, Драган Шкрбиќ.

Инцидентот се случил по поразот на Србија од Шведска (30-25), втор по стартниот пораз од Хрватска (32-22). Жестоката вербнала расправија наводно брзо зе завршила, а Цветковиќ и Шкрбиќ се огласија да објаснат што се случило.

Вистина е дека имаше разговор по нашиот вчерашен натпревар со Шведска, во холот на хотелот. Разговорот течеше на повисок тон од моја и од страна на селекторот Цветковиќ како последица на тензијата поради сето тоа што се случува на Европското првенство. Тој вербален судир, меѓутоа, во ниеден момент не ја премина границата и немаше можност да премине  во некоја физичка пресметка“ – изјави Шкрбиќ.

И селекторот на Србија, Јовица Цветковиќ ден потоа демантира дека имало инцидент, и вели дека тоа бил само разговор кој бил „интересен за медиумите“

„Нема никаков скандал. Во нашиот разговор, воопшто не гледам нешто што би било интересни за медиумите на тој начин. Не може секогаш да разговараме тивко. Некој наш гласен разговор понекогаш се сфаќа онака како што не треба. Разговаравме отворено за проблемите што ги имаме. Не би требало од тоа да се прави скандал“- вели Цевтковиќ.

Но, колку и да бил тоа „конструктивен разговор“ на висок тон, по инциденот се огласи и капитенот на српската репрезентација, Петар Ненадиќ кој најави повлекување од националниот тим.

„Пауза или збогување, се уште не сум сигурен. Во секој случај, ми треба пауза после многу години и само две пропуштени натпреварувања во националниот дрес. Ми треба „брејк“ во секоја смисла. Тоа е мојата одлука. Не е избрзана, на некои луѓе веќе им беше најавен. Тоа е реално“ – изјави 32 годишниот Петар Ненадиќ.

Се вчитува...