Српска доминација во кошарката

Српската доминација во светот на кошарката оваа година беше одбележана со успех со кој не може да се пофали ниедна друга држава. Имено, српските кошаркари ги споија тритте престижни достигнувања во најсилните кошаркарски лиги – награди за најкорисни играчи во НБА лигата, Евролигата и Еврокупот.

Имено, Никола Јокиќ речиси перфектната сезона во НБА лигата ја зачини со наградата за најкорисен играч во регуларниот дел од сезоната. Василије Мициќ пак покрај титулата во Евролигата беше избран за МВП и на регуларниот дел и на Ф4 турнирот.,

Додека Милош Теодосиќ се закити со титулата за најкорисен кошаркар во Еврокупот, а на српскиот кошаркар Филип Петрушев му припадна и наградата за МВП на АБА лигата.

 

Се вчитува...