Српски фудбалер уапсен поради непочитување на полициски час

Фудбалерот на Ал Итихад Александар Пријовиќ е уапсен во Србија поради непочитување на полицискиот час. Тој во 17 часот бил во кафе-барот во хотелот „Краун плаза“ во Белград заедно со познатиот српски пејач Радиша Трајковиќ – Џани.

Пријовиќ ќе биде обвинет само за непочитување на полицискиот час, додека пејачот ќе добие и казна бидејќи не ја почитувал самоизолацијата.

Ова не е прв случај во српскиот фудбал на непочитување на одлуките донесени од Владата на Република Србија, откако претходно за слично дело беше обвинет и фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ.

Се вчитува...