Српски кошаркар добил мозочен удар на сред тренинг

Ужасни вести од Грција, каде што сред тренинг му се слошило на кошаркарот Стеван Јеловац, а медиумите објавила дека причина е мозочен удар. Повремениот репрезентативец на Србија веднаш бил пренесен во болница во Атина.

Српскиот кошаркар морал да биде опериран, а сега бил стабилно, но ситуацијата и натаму е сериозна.

Јеловац, кој игра за атински АЕК, се повредил на 30. октомври на мечот против Јоникос, а му се слошило на индивудуален тренинг во вежбалница, по што е хоспитализиран.

Атинскиот клуб се огласи и потврди дека српскиот кошаркар е хоспитализиран поради сериозен здравствен проблем.

Се вчитува...