Српски судија доби 15 месеци затвор и десет години суспензија

Српскиот фудбалски судија Срѓан Обрадовиќ е човекот на кој ќе се сеќаваат фановите на фудбалот во Србија, особено откако тој доби затворска казна поради скандалозните пенали што ги досуди во 2018 година.

На дуелот меѓу Спартак Суботица и Раднички Ниш, арбитарот ѝ помогна на домашната екипа да дојде до победа. Средбата беше од важен карактер во плеј-оф фазата на српскиот шампионат, а победникот се стекна со клучна предност во трката за квалификациите во Лига Европа. Поради овој натпревар Обрадовиќ доби 15 месеци затворска казна и суспензија од фудбалски натпревари во висина од десет години.

Гостинскиот тим дополнително беше хендикепиран, кога остана со играч помалку. Милан Павков доби два жолти картони во две минути и мораше да го напушти теренот.

Вториот пенал во 78. минута оосбено ги остави гледачите во неверување, сепак, по неколку поминати години, сега казната пристигна и правдата ќе биде задоволена.

 

Се вчитува...