Српските ватерполисти убедливи со Црна Гора, за мегдан со светскиот шампион Италија во четвртфинале

Ватерполистите на Србија убедливо ја победија Црна Гора со 14-6 (6-1, 2-1, 3-2 и 3-2) на крајот од групната фаза на олимпискиот турнир во Токио.

Олимпискиот шампион му нанесе тежок пораз на еден од кандидатите за медал и го одбра третото место во групата со скор од три победи и два порази. Па, во четвртфиналето на турнирот Србија сега ќе се соочи со Италија. Судир на олимпискиот и светскиот шампион за вистински спектакл на ЛОИ.

Црна Гора, пак, и покрај поразот обезбеди четвртфинале како четвртопласирана во групата и ќе игра против Грција. Преостанатите двојки во четвртфиналето ќе бидат познат по натпреварот меѓу Хрватска и на Шпанија. Победникот од тој дуел во четвртфиналето ќе оди на САД, а поразениот на Унгарија.

Се вчитува...