Срцепарателна објава на ќерката на Пеле го разнежни светот (ФОТО)

Легендарниот бразилски фудбалер, Пеле Божиќ ќе го помине во болница каде се бори со последиците од ракот на дебелото црево. Состојбата на 82-годишникот воопшто не е наивна, но засега не се лекува во одделот за интензивна нега.

Неговата ќерка Кели Наскименто на социјалните мрежи објави фотографија како го гушка својот татко со напис „Се уште сме тука, во борба и со верба. Уште една ноќ заедно“ со што предизвика прилив на емоции и доби голема поддршка од фановите ширум светот.

Се вчитува...