Срушен рекорд во фрлање ѓуле стар дури 31 година

Американецот Рајан Крузер е нов светски рекордер во фрлање ѓуле.

На американските квалификации за ЛОИ, 28-годишниот Крузер фрли 23 метри и 37 сантиметри, на тој начин за дури 25 сантиметри надминувајќи го 31 година стариот рекорд на Ренди Барнс.

Од 1990 година никој не успеал да фрли подолго од 23 метри, а најблиску претходно беа Крузер и неговиот сонародник Џо Ковач со 22 метри и 91 сантиметар.

Се вчитува...