Стадионот на Фиорентина ќе се реновира, еве како ќе изгледа новиот „Артемио Франки“ (ФОТО+ВИДЕО)

Легендарниот стадион на Фиорентина, популарниот „Артемио Франки“ ќе биде реновиран и ќе добие нов лик. Според новиот проект, тој ќе биде налик на англиските арени.

Навивачите ќе бидат многу блиску до теренот, додека ќе бидат изградени и деловни објекти и деловни простори.

Стадионот ќе добие и нов покрив, што досега го имаше само на една трибина. Капацитетот на новиот „Артемио Франки“ ќе биде околи 40.000 места, а би требало да биде готов во 2026 година.

Се вчитува...