Стадионот на кој Македонија играше со Украина претворен во дом за бегалци

Арената во Лвов, каде што Македонија го одигра квалификацискиот натпревар против Украина за пласман на ЕУРО 2016 година, е претворена во дом за бегалци. Дел од оние кои бегаат од нападнатите градови и одат во Лвов, ќе бидат сместени на стадионот кој беше изграден за потребите на Европското првенство 2012 година, кое Украина го организираше заедно со Франција.

Оваа Арена има многу канцеларии кои сега се претворени во домови за многу луѓе од внатрешноста на Украина кои бараат спас од бомбите кои паѓаат во повеќе делови на земјата.

Натпреварот Украина – Македонија во Лвов се одигра во 2014 година, а Украина го доби мечот со 1-0.

Се вчитува...