Станиќ демантира: Не одам во Вардар, се вработив во Министерство!

Вардар ќе мора да ја продолжи потрагата по нов голман, откако Дарко Станиќ самиот ги демантираше гласините дека има потпишано договор со „црвено-црните“ за на голот на „вардарци“ да го наследи големиот Арпад Штербик. На оваа тема шпекулираа бројни македонски медиуми, српскиот весник „Спортски журнал“ тврдеше дека договорот е веќе и потпишан, но Станиќ во изјава за „Балкан хендбол“ обелодени дека нема ништо од неговиот камбек во мак-ракометот бидејќи одлуката за завршување на кариерата му е конечна.

„Има приказни околу мојот трансфер во Вардар, но во нив нема вистина. Не одам во Македонија, се вработив во Министерството за Млади и Спорт на Србија. Обврските почнаа од минатата седмица и тоа е она со што ќе се занимавам во иднина“ – изјави Станиќ за „Балкан хендбол“.

Дарко Станиќ своите најблескави моменти ги имаше на голот на Металург, а последен ангажман му беше во катарскиот прволигаш Ел Џаиш.

Се вчитува...