Станковиќ: Јуве џабе троши, не го може она што го направи Интер

Јувентус со години наназад доминира на италијанската фудбалска сцена, „црно-белите“ од Торино имаат моќен тим со кој стигнуваат до скудетото во „Серија А“, но не успеваат да го достигнат она што го стори Интер со Горан Пандев во своите редови – да стигне до тројна круна. „Нероаѕурите“ предводени од Жозе Мурињо во 2010 година триумфираа во Калчо-лигата, во Купот на Италија и во Лигата на шампионите, а Јуве и покрај неколкуте двојни круни на Апенинскиот полуостров не успеа да стигне до титулата во ЛШ, губејќи две финалиња од Реал Мадрид и од Барселона.

Дејан Станковиќ, кој беше член на таа шампионска генерација на Интер, во интервју за „Скај“  не ја пропушти можноста да го „пецне“ големиот ривал.

„Тоа беше испишување на историја, во моментот дури и не бевме свесни што направивме. Еве видете го Јувентус, троши толку многу пари и не успева, вистината е дека и да потроши уште повеќе, Јуве не е способен да го повтори она што ние го направивме први“, истакна Станковиќ.

Се вчитува...