Станојевиќ: Сите ми велат дека сум луд што се враќам во Партизан

Александар Станојевиќ е изборот за нов тренер на Партизан, откако овој искусен стручњак ја прифати понудата да се врати назад во клубот што последен пат го напушти во 2024 година, проследен со бурни критики од навивачите и од дел од управата.

„Црно-белите“ се наоѓаат во незавидна ситуација, моментно се 10. на табелата, а по заминувањето на Саша Илиќ изборот за нов кормилар падна врз Станојевиќ, за кого ова ќе биде четврта авантура на чело на овој клуб. во првата, во периодот од 2010 до 2012 година тој освои две титули шампион на Србија, седеше на клупата на Партизан и од 2020 до 2022 година и потоа последен пат во 2024.

„Чувството е прекрасно, се враќам дома, во клубот што секогаш ми буди посебни емоции. Знам дека ситуацијата е компликувана, но јас доаѓам бидејќи верувам во Партизан, верувам дека можеме да ја поправиме состојбата во која се наоѓа. Многумина ми рекоа дека сум луд што се враќам, особено поради начинот на кој си заминав последниот пат кога бев овде. Не дека не ми веруваат, туку затоа што не знаат што може да се направи во оваа ситуација. Емоциите овде секогаш се на максимум, не сакам да звучам патетично за овој клуб и за гробарите, тоа е лудост што не ја контролирате, едноставно ви се случува“, истакна Станојевиќ на својата промоција назад во Партизан.

Се вчитува...