„Старата дама“ на колена пред Аталанта: Малиновски во 87. минута го реши Јувентус (ВИДЕО)

Украинецот Руслан Малиновски е херојот на Аталанта во триумфот од 1-0 против Јувентус во 31. коло од Серија А.

Во дербито на колото, Аталанта до победата дојде со голот на Малиновски во 87. минута, на мечот на кој „Старата дама“ настапи без Кристијано Роналдо, кој има повреда на мускулот.

 

Во останатите два натпревари, Лацио триумфираше против Беневенто со 5-3, а Болоња славеше убедливо со 4-1 против Специја.

 

Се вчитува...