„Старата дама“ не простува: Суспензии за триото што ги прекрши ковид-правилата

Јувентус донесе одлука да ги суспендира тројцата фудбалери кои ги прекршија државните правила во борбата против Covid-19, откако Пауло Дибала и Артур биле фатени како гости на забавата што ја организирал Вестон Мекени.

Полицијата морала да интервенира за забавата да биде прекината, а поради прекршените ковид-прокотоли се очекува да се изјасни и обвинителството со постапка против тројцата фудбалери.

Челниците на Јувентус не чекале правна разврска, туку веднаш е донесена одлука тројцата првотимци да бидат суспендирани. Тие дефинитивно ќе го пропуштат утрешното градско дерби со Торино, а големи се шансите да не бидат во тимот ниту за наредниот меч на Јуве, големото дерби против Наполи.

Се вчитува...