„Старата дама“ очајна – Јувантус тргнува по напаѓачот Скамака од Сасуоло

Раководството на Јувентус е заинтересирано за купување на напаѓачот на Сасуоло Џанлука Скамака. Масимилијано Алегри нема повеќе дилема, па клубот од Торино активно ќе бара нов напаѓач во зимскиот трансфер период.

Според „La Gazzetta dello Sport“, преговорите со Мауро Икарди и Пјер-Емерик Обамејанг се во ќорсокак, па Јувентус се заинтересира за 22-годишниот Италијанец.

Станува збор за позајмување на напаѓачот со опција за откуп. Скамака оваа сезона во Серија А постигна шест гола. Тој е втор стрелец на Сасуоло. Јувентус има освоено 34 бода на 19 средби и се искачи на петтото место на табелата на италијанската Серија А, додека лидер е Интер со 43 бода од 18 натпревари.

Се вчитува...