„Старата дама“ веднаш на колена, Видал носи водство на Интер (видео)

Интер води со 1-0 на самиот почеток од големото дерби против Јувентус по погодокот што во 12. минута го постигна поранешниот играч на „старата дама“, Артуро Видал.

Чилеанскиот интернационалец најпрвин испрати додавање во широчина до Барела, а по центаршутот на овој фудбалер токму Видал се најде на вистинското место, од пет метри матирајќи го Шчешни.

Се вчитува...