„Старата дама“ со нови проблеми, уште еден играч се придружи на листата повредени

Списокот на повредени играчи во Јувентус денес се зголеми со уште едно име. Јувентус направи голем кикс во саботата вечер кога освои само еден бод на гостувањето кај Верона играјќи нерешено 1-1. „Старата дама“ на тој начин остана на третата позиција со 46 бода, десет помалку од водечкиот Интер, но и еден натпревар помалку.

Јувентус исто така се наоѓа во тешка мисија во Лигата на шампионите, во ова натпреварување тимот од Торино ќе се обиде да го надомести поразот од првиот натпревар (2-1) на реваншот против Порто, а со цел да обезбеди пласман во следната фаза.

Покрај сето тоа, Пирло се наоѓа и во големи кадровски проблеми. Претходно на списокот на повредени се најдоа Пауло Дибала, Цорџо Киелини, Хуан Куадрадо, Алваро Мората, Леонардо Бонучи, а сега ќе им се придружи и Вестон МекКени. Младиот Американец за време на тренинг претрпел истегнување на мускулот и морал веднаш да го напушти тренинг центарот.

Единствената добра вест е дека Јувентус сега игра три врзани натпревари како домаќин, откако во Торино ги пречекува Специја и Лацио во Серија А, а потоа ќе го дочека и Порто, натпревар од кој ќе зависи пласманот во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Се вчитува...