Стариџ го урна проклетството што го демнеше седум години

Напаѓачот на Ливерпул, Даниел Стариџ, на вечерашниот меч против Ливерпул успеа да урне едно долгогодишно проклетство. Тој постигна гол во Лигата на шампионите по пауза од цели седум години.

Менаџерот Јирген Клоп му даде шанса во завршницата од натпреварот на местото на Салах, и тој тоа го искористи да се запише меѓу стрелците во 90.минута. Претходно, гол во Лигата на шампионите постигна во дресот на Челси, во далечната 2010 година, кога на 23 ноември постигна гол против словачкиот тим Жилина.

Инаку, ова е втор гол во низа за Даниел Стариџ, со оглед дека погоди и против Хадерсфилд во минатото коло од Премиер – лигата.

Се вчитува...