Стартува ЛШ: По 22 години Македонија без клуб, Барса оди на „хет-трик“, Митревски единствен Македонец

Со четири натпревари денеска стартува новото издание на ракометната Лига на шампиони. По 22 години Македонија првпат нема да има свој претставник во елитата откако на шампионот Вардар поради неисплатени долгови не му беше дозволен настап, а Еурофарм Пелистер не се одлучи да аплицира за „вајлд-кард“.

Единствен претставник Македонија ќе има во Никола Митревски кој со својот Порто се наоѓа во групата А заедно со Гог, Магдебург, Веспрем, Висла Плоцк, ППД Загреб, ПСЖ и Динамо Букурешт.

Групата Б ќе ја предводи Барселона која сезонава ќе нападне „хет-три“ во елитното натпреварување откако во претходните две сезони стигнуваше до титулата. Покрај Барса во Б сегментот се најдоа и: Алборг, Кил, Елверум, Целје, Пик Сегед, Нант и Кјелце.

Денеска ќе се одиграат четири натпревари, а во нив се среќаваат: Кил – Елверум, Пик Сегед – Барселона, Кјелце – Нант и ППД Загреб – Гог.

Се вчитува...