Стартува третиот круг и во вторите лиги: Брегалница е единствен тим сезонава без пораз во Македонија!

Со натпреварите од 19. коло денеска од 15 часот стартува и третиот круг од шампионатите во двете второлигашки конкуренции.

Убедливо најдобар тим во двете второлигашки конкуренции, по двата завршени круга, е Брегалница со 15 победи и само три нерешени исходи од 18 одиграни натпревари. Штипскиот тим, всушност, е и единствениот тим досега сезонава без ниту еден запишан пораз во двете најсилни лиги во Македонија, и од тимовите од Првата лига и од двете второлигашки конкуренции.

Брегалница предводена од Марјан Секуловски последниот круг од првенството го „трча“ со отворени желби за заокружување на целите од почетокот на сезоната – пласман во прволигашката конкуренцијата.

Во девет натпревари од вториот круг во првенството Брегалница забележа 8 победи и само едно реми (1-1) на домашен терен со Тиквеш. Од вкупно 18 натпревари сезонава, „сините“ имаат 15 победи и три нерешени исходи со вкупна гол разлика од 48-13 и седум бода повеќе од второпласираниот Тиквеш. Брегалница сезонава е убедливо најдобриот тим во двете второлигашки конкуренции, единствен без пораз во двете конкуренции.

Во пролетниот дел од сезоната единствени екипи со две победи на стартот се Брегалница, Тиквеш и Кит Го.

 

Во Втората лига – Запад, пак, на првото место е Скопје со 41 бод и гол разлика од 32-12. На второто место во западната конкуренција е Велешта со 34 бода пред Гостивар со 33 бода, а во трката за второто место по извонредните игри последниот период е и Охрид со 32 бода.

Се вчитува...