Стартуваат и второлигашките возбудувања: Брегалница и Скопје ja поведуваат битката за прволигашка промоција

Со натпреварите од 17. коло денеска од 14 часот во македонскиот фудбал стартуваат и второлигашките возбудувања во двете конкуренции.

На Истокот, лидерот Брегалница на домашен терен ја пречекува Победа во желбата за продолжување на активниот чекор кон прволигашката промоција. Најголем конкурент на „сините“ во битката за првото место ќе биде Тиквеш, кој не планира предавање и покрај заостанувањето од седум бода.

ВТОРА ЛИГА – ИСТОК (17. КОЛО)

Слога Виница – Кит Го

Брегалница – Победа

Тиквеш – Росоман

Осогово – Каменица Саса

Кожуф – Плачковица

Во западната конкуренција, Скопје исто така има предност од седум бода во однос на Велешта и Гостивар кои се на делба на второто место.

ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД (17. КОЛО)

Охрид – Кораби

Вардар Форино – Гостивар

Скопје – Дрита

Велазерими – Велешта

Кадино – Тетекс

Се вчитува...