Статистика: Ајакс е еден од омилените „пациенти“ на Роналдо

Во таборот на Јувентус мораат да бидат задоволни од добиениот противник во ждребот за четврт-финалето од Лигата на шампионите, без оглед на фактот дека Ајакс во претходната рунда го елиминираше актуелниот европски првак Реал Мадрид.

„Старата дама“ досега има одиграни 12 натпревари против холандскиот гигант, при што има забележано шест победи, четири реми и само два порази.

Згора на тоа, во прилог на Јуве оди и статистиката што Кристијано Роналдо ја има во своите дуели со Ајакс. Тој досега има постигнато седум погодоци на пресметките со холандскиот гигант, со што Ајакс е еден од трите омилени „европски пациенти“ на Кристијано. Повеќе голови од Холанѓаните во ЛШ од Роналдо имаат примено само Јувентус (десет) и Баерн Минхен (девет).

Нема сомнеж, одбраната на Ајакс предводена од Де Лигт ќе се соочи со огромен предизвик да го запре големиот ас на „старата дама“.

Се вчитува...