Статистика на мечот Хадерсфилд – Манчестер сити која остава без зборови (Фото)

Вчерашниот триумф на Манчестер сити на гостувањето против Хадерсфилд беше тешко заработен. „Граѓаните“ до полувремето беа шокирани, се најдоа во негатива 1-0, па во второто полувреме го појачаа темпото со цел и по ова коло да останат непоразени во Премиер – лигата.

Сити успеа да го сврти резултатот во своја корист, преку реализиран пенал на Агуеро и среќниот гол на Стерлинг на десетина минути пред крајот на средбата, но она што покажува колку фудбалерите на Гвардиола ја посакуваа победата е статистиката во второ полувреме, во одделот на додавањата.

Имено, Сити успеа да направи 285 успешни додавања во второто полувреме од 383 обиди, додека фудбалерите на Хадерсфилд само 16 пати направија точни додавања од можни 79.

DPk2sNPW0AADyT_

Се вчитува...