Новак Ѓоковиќ потешко од очекувањата славеше против германскиот тенисер Ханфман на мастерсот во Шангај, но сепак успеа да ја помине шестнаесетфиналната пречка.
По натпреварот статистичарите направија детална анализа која откри еден интересен факт за српскиот тенисер.
Имено, според статистиката кога Србинот ќе го добие првиот сет не знае за пораз, забележувајќи 25 победи во 2025 година.
Додека пак кога ќе го загуби првиот сет има негативна статистика забележувајќи само седум победи и 10 порази.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

