Статуа на Коби Брајант и неговата ќерка на местото на хеликоптерската несреќа (фото)

На местото на страшната хеликоптерска несреќа во која животот го загубија Коби Брајант, неговата ќерка Џиџи и уште седум лица во текот на вчерашниот ден се појави статуа од кошаркарската суперѕвезда и Џиџи.

Склупторот Ден Медина објави дека статуата била поставена привремено, само на еден ден, на двогодишнината од смртта на Коби и неговата ќерка.

„Ова е мое дело, никој не ме замолил да го направам, го искреирав од срце. Сакав да остане тука, на местото на несреќата, од изгрејсонце до зајдисонце, во чест на Коби и Џиџи“, изјави Медина.

Се вчитува...