Статуите на Роналдо и Марадона се смешни, но оваа на Есиен е за „плачење“ (ФОТО)

Во последно време се повеќе и повеќе се прават статуи, бисти за врвни фудбалери, како и легенди на овој спорт, па една статуа си доби и екс-фудбалерот на Челси, Мајкл Есиен. Еден од најтрофејните фудбалери кои потекнуваат од Гана, во негова чест е изработена статуа која стои во градот Кумаси, а Есиен е претставен во времето кога го носеше дресот на „сините“ од Лондон, клубот со кој освои најмногу одличја во кариерата.

Сепак, уште на прв поглед може да се забележи дека статуата воопшто не личи на екс-репрезентативецот на Гана, но прашање е дали креаторот со намера ја изработил на ваков начин, или едноставно ова уметничко дело е тотално промашување.

DSnLMdLW0AEuplH 

Се вчитува...