Ставот на Јуве не се менува: Пирло дефинитивно останува тренер

Иднината на Андреа Пирло како тренер на Јувентус воопшто не е доведена во прашање и покрај очигледниот пад во формата на „старата дама“. Јуве беше елиминиран од Порто во Лигата на Шампионите, додека трката за скудетото се чини загубена по денешниот сензационален пораз на домашен терен од Беневенто.

Сепак, директорот Паратичи во изјава непосредниот по денешниот неуспех јавно му изрази поддршка на актуелниот тренер.

„Пирло е наш тренер и ние нема да го сменија поради овој пораз или поради елиминацијата од ЛШ. Ова е проект предводен од млад стратег во кој ние имаме апсолутна доверба. Не ми се допаѓа што луѓето говорат за крај на победничкиот циклус, ние имаме тим со кој сакаме да победуваме на секој натпревар“, истакна Паратичи.

Воедно, Паратичи потврди дека Јувентус планира да го задржи Кристијано Роналдо и за последната година од договорот што „старата дама“ со португалскиот ас.

„Донесовме одлука Кристијано Роналдо да остане во Јувентус и во наредната сезона“, прокоментира првиот оперативец на „старата дама“.

Се вчитува...