Ставрев ќе го суди мечот Генк – Вест Хем

Интернационалецот, нашиот најдобар фудбалски судија Александар Ставрев од Судиската комисија на УЕФА е одреден за главен судија во Лигата на Европа во Белгија меѓу Генк и англиски Вест Хем . Ќе  му помагаат Дејан Костадинов  и Куштрим Лика. Четврти судија ќе биде Дејан Јакимовски. Мечот се игра на 4. ноември во Генк.

Генералниот секретар на Фудбалската федерација на Македонија Филип Поповски ќе  биде oрганизациски директор на мечот од Лигата на шампионите меѓу Милан и Порто што се игра на 2. ноември во Милано.

Менаџерот за фудбал во ФФМ, Жарко Игњатовски, пак, ќе патува за Украина.  На 4. ноември ќе биде организациски директор на мечот од Конференциската лига на Европа меѓу Зорја од Украина и ЦСКА од Софија. Натпреварот се игра во Запорожје.

Васко Дојчиновски, пак, ќе биде делегат на натпреварот Антверпен – Фенербахче во Лигата на Европа кој се игра во Белгија на 4. ноември во 21 часот.

Се вчитува...