Ставрев ќе им суди на Австријците

Нема одмор за нашиот најдобар судија, интернационалецот Александар Ставрев. Туку што се врати од Белгија, каде што го судеше мечот од групната фаза на Лига на Европа меѓу Генк и Вест Хем, од страна на Судиската комисија на УЕФА е одреден да го суди квалификацискиот меч за настап на светското првенство меѓу Австрија и Молдавија што се игра на 15. ноември во Клагенфурт.

Ќе му помагаат Дејан Костадинов и Гоце Петрески, четврти судија ќе биде Дејан Јакимовски. Годинава ова е шести меѓународен меч што го суди Ставрев. Младиот интернационален судија Игор Стојчевски, кој годинава за првпат е на меѓународна листа веќе се наоѓа во Португалија каде суди на турнирот на млади репрезентации, играчи до 17 години за настап на европското првенство. На турнирот учествуваат селекциите на Португалија, Казахстан, Велс и Украина.

Ќе патува и новиот контролор од Северна Македонија на меѓународната листа, нашиот поранешен успешен судија Димитар Мечкаровски. Тој ќе го контролира судењето на квалификациониот меч за настап на европското првенство, играчи до 21 година меѓу Германија и Сан Марино. Средбата се игра на 16 ноември во градот Инглштад. Контролор на мечот на репрезентациите до 21 година меѓу Босна и Херцеговина и Црна Гора ќе биде Емил Божиновски, а мечот ќе се игра во понеделник. /М.М/

Се вчитува...