Стеф Кари не е тешко повреден, но го чека подолга пауза

Стеф Кари избегна тешка повреда на левото стапало, но поради истегнати лигаменти одреден временски период нема да може да му помогне на Голден Стејт. Американецот се повреди на натпреварот против Бостон Селтикс по што мораше да го заврши својот настап во првото полувреме.

Но, и покрај тоа што повредата не е тешка неговиот настап во плејофот кој започнува за месец дена е неизвесен. Кари во следниот период треба да посети специјалист по што ќе биде детално познато неговото отсуство од терените.

Се вчитува...