„Стеф Кари сега и официјално седи на иста маса со Џордан, Леброн, Коби…“

Голден Стејт стигна до четвртиот трофеј во последните осум сезони од НБА лигата откако славеше во овогодишното финале против Бостон со вкупни 4-2. За тимот од Сан Франциско тоа е седмиот трофеј во историјата на првенството со што се најде зад Бостон и Лос Анџелес на вечната листа.

МВП на финалната серија беше Стеф Кари со што бекот влезе во историјата на првенството како еден од 11 кошаркари кои освоиле МВП признание за регуларната сезона, МВП на финалето и МВП на Олстар натпреварот па доби пофалба и од поранешниот освојувач на прстенот со Бостон, Кендрик Перкингс.

„Стеф Кари сега и официјално седи на иста маса со Џордан, Леброн, Коби, Шек, Меџик и Брд. Продолжете понатаму…“, напиша Перкингс.

Се вчитува...