Стеф Кари урна уште еден рекорд на Коби Брајант

Стеф Кари конечно ја надмина кризата постигнувајќи 40 поени во победата на Голден Стејт Вориорс на гостувањето кај Хјустон Рокетс од 108-122. Првата ѕвезда на Вориорс имаше неверојатен натпревар, а дури 20 поени ги постигна во последниот период.

За Кари ова беше вкупно 37 натпревар во кариерата во кој постигнува повеќе од 20 поени во последниот период со што го мина на вечната листа легендарниот Коби Брајант кој има натпревар помалку. Во топ 4 уште се наоѓаа и Џејмс Харден (25) и Леброн Џејмс (24) натпревари.

 

 

Се вчитува...