Работнички ангажираше уште едно засилување пред крајот на летниот преоден рок. Нов член на „романтичрите“ е Стефан Јевтоски, поранешниот младински репрезентативец кој изминатиот период градеше интернационална кариера, а во Македонија настапуваше за Металург. Тој потпиша едногодишен договор со Работнички, објави клубот на официјалниот сајт.
Јевтоски ќе ја засили конкуренцијата во средниот ред во тимот на Александар Влахо. Доаѓа како слободен агент, а претходно беше член на Арсенал Киев, Вараждин и на Локомотив Пловдив.
Работнички денеска ќе го игра натпреварот од четвртото коло во Првата фудбалска лига. На домашен терен на арената „Тодор Проески“ го пречекува составот на Академија Пандев. Мечот е закажан за 16.30 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА