Стефан Ристовски: Овој терен во Скопје е очаен за игра, добро е што никој не е повреден!

Капитенот на македонската репрезентација, Стефан Ристовски, осврнувајќи се на дуелот со Финска не можеше а не ја истакне фактичката констатација која долго време ја мачи македонската фудбалска јавност – очајната состојба на теренот на нашиот најголем стадион.

Секогаш последниве години очекувањата од македонските репрезентативци се врвна игра на секој дуел, а малку се посветува внимание на условите за игра кои ги добиваат во главниот град.

„Ќе бидам искрен, мора реално да ги согледаме нештата и да признаеме дека се појавуваат одредени слабости и замор во играта затоа што, за разлика од порано, се гледа дека некои од играчите немаат стандардна минутажа во клубовите. И тоа има влијание токму на концентрација во клучни моменти“ – истакна Ристовски и дополни:

„Не сакам да барам алиби, но мора да се каже дека овој терен е навистина тежок за игра. За жал, кај нас по некои нешта ние место напред одиме назад, и добиваме очајни услови за игра тука. Тешко е тука да се бара игра и да се бара било каква креација на тактика и напредок во игра. На крај може да кажам дека само е добро што никој од нас не е повреден. Секако имаме одредени недостатоци во играта кои ќе мора да ги корегираме во иднина, но пак ќе кажам дека овие пријателски се да се одиграат паметно и да не се дозволи некој да се повреди на вакви услови“.

Се вчитува...