Стефан Ристовски се врати на тренинзите на Спортинг (ФОТО)

По пауза од еден месец Стефан Ристовски се врати на тренинзите на португалски Спортинг Лисабон.

Пет недели македонскиот репрезентативец беше во „аут“ по повредата која ја доби на 25. октомври на мечот од Лигата на Европа против Арсенал, за да вчера максимално активно, во полн ритам, се врати на тренингот на својот тим.

Според најавите од лекарскиот тим на Спортинг Лисабон, Ристовски треба да биде максимално на располагање на стручниот штаб за мечот на 9. декември во португалскиот шампионат против Авеш.

Се вчитува...