Стефенс ја елиминираше Венус за финале со Кис на УС Опен

Американските тенисерки Слоан Стефенс и Медисон Кис ќе играат во финалето на годинашниот УС Опен.

24-годишната Стефенс во полуфиналната пресметка славеше против сонародничката Венус Вилијамс во три сета, со 6-1,0-6,7-5.

Кис, пак, до финалето дојде со лесна и убедлива победа од 6-1,6-1 против Коко Вандевиг.

Се вчитува...